Во најновиот извештај за Комитетот за заштита на новинарите се посочува алармот на кои експертите за заштита на слободата на медиумите предупредуваат со години – убијците на новинарите честопати не завршуваат во затвор.
Изминатата деценија, Си-Пи-Џи објавија дека имало 278 убиства врз новинари. Во 81% од тие случаи, ниту еден не е обвинет за поврзаност со злоделата.
„Тоа испраќа ужасна порака за новинарството, затоа што било која влада, или криминална банда која сака да замолчи новинар, може да го стори тоа за неколку илјади долари и да најми платен убиец“, изјави Роберт Махони, заменик извршен директор на Комитетот за заштита на новинарите.
Оваа година Индексот на Комитетот покажува дека вообичаените држави како Сомалија, Сирија и Ирак – се на врвот од листата дека убијците најверојатно нема да бидат изведени пред лицето на правдата за убиство на новинар.
Сите овие земји се справуваат со пост-воена, политичка нестабилност.
Facebook Forum