Линкови за пристапност

Британија има нов шеф на дипломатијата


Jeremy Hunt

Еден ден откако Борис Џонсон поднeсе оставка

Британската премиерка Тереза Меј го назначи долгогодишниот поддржувач Џереми Хант за нов шеф на дипломатијата откако Борис Џонсон се повлече од функцијата по несогласувањата во Кабинетот за стратегијата за излез од ЕУ.

Хант е поранешен министер за здравство. Првично бил против Брегзит, но почнал да ја поддржува идејата, оценувајќи го како „арогантно“ однесувањето на ЕУ за време на преговорите.

„Моја основа задача ќе биде во ова важно време за државата да застанам зад премиерката Меј за да може да го реализираме договорот со ЕУ, за кој постигнавме согласност во Кабинетот. А тој е силна, глобална Британија“, изјави Хант.

Поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон во оставката се пожали дека премиерката Меј планира да ги задржи блиските врски со ЕУ на ниво на „полу-Брегзит“, додека Британија е на пат да стекне „статус на колонија“.

Заминувањето на Џонсон доаѓа еден ден откако министерот задолжен за Брегзит Дејвид Дејвис поднесе оставка. Тој го оцени пристапот на премиерката Меј за излез од ЕУ како „опасна стратегија“.

XS
SM
MD
LG