Јапонија денеска одбележа 76 години од првиот напад со атомска бомба во светот, со не толку голема помпа и церемонии, но и разочарување од организаторите на Олимпијадата да организираат едноминутен молк за жртвите, јави Асошиејтед Прес.
Преживеани, родници и странски дипломати присуствуваа на главниот настан во Хирошима на молитвата за загинатите и повредени од нападот и упатија повик за мир во светот.
Учесниците им оддадоа едноминутен молк во 8 часот и 15 минути по локално време, кога беше фрлена првата атомска бомба во светот.
Се проценува дека околу 140.000 луѓе загинаа од бомбата, а по три дена беше фрлена атомска бомба во Нагасаки.
Facebook Forum