Линкови за пристапност

Демократите во Џорџија бараат замена за починатиот конгресмен Луис


Комитетот за номинација ќе избере меѓу 3 до 5 кандидати, потоа сите 44 членови од партиската номинација ќе гласаат за финалист.

Демократските партиски лидери во сојузната држава Џорџија се среќаваат да го изберат кандидатот што треба да го замени починатиот конгресмен Џон Луис на ноемвриските претседателски избори.

Портпаролката потврди дека 131 лице аплицирало до синоќа, заклучно со рокот.

Комитетот за номинација ќе избере меѓу 3 до 5 кандидати, потоа сите 44 членови од партиската номинација ќе гласаат за финалист.

Изборот на демократите ќе се соочи со републиканската Ангела Статон – Кинг на гласањето во ноември.

Луис служеше 17 мандати во Конгресот, а последен пат се соочи со републикански предизвикувач во 2016-та, и победи со 84% од гласовите.

Луис, проминентен борец за граѓанските права на Афро-американците почина во петокот на 80 годишна возраст по долгогодишна битка со напредна фаза на рак на панкреасот.

Стекна слава кога се најде во првите редови на американското Граѓанско движење за поголеми права во 50-те и 60-те. На 23 годишна возраст работеше како близок соработник до Д-р Мартин Лутер Кинг, и беше последен преживеан говорник од Маршот во август 1963-та во Вашингтон, кога Кинг го донесе познатиот говор „Јас сонувам“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG