Демократскиот конгресмен Џон Конјерс од Мичиген е најновиот член на Конгресната група за Македонија и македонски Американци, соопшти Обединетата македонска дијаспора (УМД).
Групата сега брои 20 членови.
Конјерс е со најдолг стаж во овој состав на Претставничкиот дом – стана член на ова тело во 1965-та. Тој е виш член на Комисијата на Претставничкиот дом за правосудство, а и во составот на Комисиите за Уставот, интелектуална сопственост, конкурентност и Интернет.
Според ОМД, Мичиген е дом на речиси 125.000 Американци од македонско потекло. Во изборниот округ на Конјерс живее една од најбројните македонско-американски заедници во САД.
Директорот на ОМД за меѓународна политика Ѓорѓи Попстефанов оцени дека приклучувањето на конгресменот Конјерс на Конгресната група за Македонија и македонски Американци е показател дека „растечки број на законодавци стекнуваат интерес за силно стратешко партнерство меѓу САД и Македонија“.