По средбите со лидерската четворка, потписници на Договорот од Пржино, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, еврокомесарот Јоханес Хан порача дека оваа посета ја остварил за да покаже дека значителниот процес до изборите ЕУ и понатаму будно се следи во Брисел.
Хан по денешните средби во Скопје изјави дека важно е изборите да бидат добро подготвени и изведени на начин, на кој нема да може никој да ги критикува.
Во однос на Специјалното јавно обвинителство, истакна дека е важно тоа да биде оставено да ја работи својата работа непристрасно и професионално.