Претседателот Бајден ќе направи обиколка во Тексас да се увери во големата штета што ја причини снежната зимска бура, која предизвика недостиг од струја, чиста вода за пиење за милиони куќи во време на пандемија.
Бајден со сопругата Џил, ќе посети хуманитарен центар во Хјустон, најголемиот град во оваа сојузна држава. Потоа ќе направи тура во Центарот за вонредни операции за да се увери за мерките коишто ги презема ФЕМА.
Најмалку 40 лица починаа како последица од силната зимска бура, што го зафати јужното крајбрежје од средината февруари.
Тексас е особено погоден од невообичаено ниски температури, кои предизвикаа прекин на напојувањето со струја.
Facebook Forum