Линкови за пристапност

Џо Бајден на виртуелен состанок со мексиканскиот претседател за имиграциони прашања


Мексиканскиот претседател најави дека на состанокот со Бајден ќе предложи нова програма за имиграциона работна сила

Претседателот Бајден планира денеска да одржи виртуелен состанок со мексиканскиот претседател Андреас Мануел Лопез Обрадор – шанса за обајцата да се осврнат за подетално за миграцијата, справувањето со коронавирусот и соработката за економски и безбедносни прашања, објави Асошиејтед Прес.

Мексиканскиот претседател најави дека на состанокот со Бајден ќе предложи нова програма за имиграциона работна сила, со кој ќе можат 600.000 до 800.000 имигранти од Мексико и од Централна Америка, секоја година легално да работат во САД.

Виш официјален претставник од администрацијата на Бајден одби да појасни дали американскиот претседател ќе го поддржи или отфрли таквиот предлог од Обрадор, истакнувајќи дека двете држави се договориле за потребата од проширување на правните и законски патишта за миграцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG