Линкови за пристапност

Бајден соопшти нова помош за Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден ги увери украинските законодавци дека САД нема никогаш да го признаат припојувањето на Крим од Москва, што наиде на стоечки овации во Парламентот во Киев

Тој ја повтори американската поддршка и ја обвини Русија за кршење на договорот за примирје од Минск, чија цел беше да се олесни напнатоста во источна Украина.

Бајден ги повика законодавците да се борат против корупцијата и предупреди дека иднината на Украина е во залог.

За руското присуство во Источна Украина, Бајден рече: „Да бидам јасен, САД не го признаа и никогаш нема да го признаат обидот на Русија за припојување на Крим“.

Во понеделникот, Бајден најави нов пакет американска помош од 190 милиони долари за Украина.

Бајден рече дека новата помош ќе и` помогне на земјата да ги имплементира реформите и за борба против корупцијата.

За време на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко, Бајден рече дека е особено важно за Украина, со цел да биде стабилна и просперитетна како дел од безбедна Еврипа, целосно да го искорени ракот од корупцијата во општеството.

XS
SM
MD
LG