Линкови за пристапност

Бајден, за прв пат, повика на импичмент на Трамп


Се вжештува, кампањата 2020.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден за прв пат повика претседателот Трамп да биде отповикан на функцијата.

„Доналд Трамп ја прекрши заклетвата што ја даде кога ја презема функцијата, ја предаде нацијата и изврши акти кои водат кон импичмент“, изјави поранешниот потпретседател Џо Бајден во Њу Хемшир.

Трамп возврати преку Твитер: „Патетично е „заспаниот“ Џон Бајден, чиј син Хантер, на штета на американскиот даночни обврзници, оштети најмалку две држави со милиони долари, повикува на импичмент, а јас не сум сторил ништо. Неговата кампања не нуди ништо“, изјави претседателот без да елаборира за обвинувањата за двете држави и милионите долари.

Белата куќа објави дека нема да учествува во како што го нарече „неуставна“ истрага за импичмент на Трамп.

Адвокатот на Белата куќа Пат Чиполоне испрати писмо од осум страници до лидерите на Демократите во Претставничкиот дом, вклучувајќи ја и спикерката на претставничкиот дом Ненси Пелоси, кои што разгледуваат дали Трамп го прекршил законот со што ја повикал Украина да го истражува Бајден.

Чиполоне ги обвини демократите дека ги кршат „основните уставни постулати за фер процес“. Тој рече дека тие не му дозволуваат на Трамп да ги испрашува сведоците кои што треба да бидат клучни дали ќе биде отповикан на функцијата.

Ако мнозинството во Претставничкиот дом ги одобри основните наводи за импичмент на Трамп, тогаш ќе се води распит во Сенатот кој е под контрола на републиканците, каде адвокатскиот тим на претседателот ќе има шанса да ја презентира одбраната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG