Линкови за пристапност

Милијардерот Епстин и натаму во притвор во Њујорк


Судијата објави на денешниот распит во Њујорк дека е му е потребно повеќе време да донесе одлука

Милијардерот Џерфи Епстин ќе остане зад решетки засега, додека федерален судија и натаму разгледува дали да определи кауција поради обвинителните акти дека сексуално злоставувал малолетни девојчиња.

Судијата објави на денешниот распит во Њујорк дека е му е потребно повеќе време да донесе одлука.

Федералните обвинители и натаму тврдат дека 66-годишниот Епстин е закана дека ќе побегне, но и претставува закана по сведоците. Тие сметаат дека треба да остане во притвор додека се докажуваат обвиненијата дека регрутирал и злоставувал десетици малолетни девојчиња во Њујорк и во Флорида на почетокот на 2000-та.

Обвинителството објави дека случајот против него „е се потемелен“, откако неколку жени се огласиле против него изминатите денови и тврдат дека биле негови жртви кога биле малолетни.

Адвокатите на Епстин истакнаа дека тој не извршил криминални дела откако се изјаснил за виновен под обвинувања за проституција во Флорида во 2008-ма и оти федералната влада го прекршила постигнатиот договор со него пред 12 години, да не го гони кривично. Тие велат дека планираат да побараат отфрлање на најновиот случај и оти на Епстин треба да му биде дозволено да чека почеток на судскиот процес во 77 милионскиот имот во Менхетн, со електронско надгледување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG