Линкови за пристапност

Легендарниот Џеј Лено се прости од „Вечерното шоу“


Џими Фелон ќе ја преземе водителската палка на 17-ти февруари, од новото студио во Њујорк

Со насолзени очи, легендарниот комичар Џеј Лено синоќа по последен пат го водеше „Вечерното шоу“ на Ен-Би-Си, што се емитуваше од студиото во Лос Анџелес, Калифорнија. Меѓу гостите во прошталната емисија беа Били Кристал, Гарт Брукс и Опра Винфри.

Џеј Лено се одјави за последен пат по 22 години минати како водител на популарната емисија, заблагодарувајќи и` се на публиката што останала „лојална до самиот крај“.

Водителската палка ја презема Џими Фалон, на 17-ти февруари, од новото студио во Њујорк.
XS
SM
MD
LG