Линкови за пристапност

Олимпискиот факел пристигна во Јапонија


Иако организаторите најавите дека нема да ги откажат Игрите во периодот меѓу 24-ти јули и 9-ти август, сепак ширењето на коронавирусот може да ја смени таа одлука

Олимпискиот факел пристигна во Јапонија за Игрите во 2020. Го донесоа трикатните олимписки освојувачи на злато, Саори Јошида и Тадахиро Номура.

Авионот со олимпискиот факел од Грција слета во противвоздушната воена база на Јапонија, Матсушима.

Во него немало висока делегација зашто Олимпискиот комитет одлучи да не испраќа поради загриженоста со коронавирусот.

Традиционалното носење на олимпискиот факел почнува на 26-ти март, и ќе мине низ многу познати јапонски обележја, како Маунт Фиџи, Меморијалниот парк на мирот во Хирошима и дворецот Кумамото, пред да влезе на Олимпискиот стадион на 24-ти јули.

Властите ги повикаа граѓаните да не излегуваат масовно да ја следат патеката на движење на олимпискиот оган поради вирусот.

Иако организаторите најавите дека нема да ги откажат Игрите во периодот меѓу 24-ти јули и 9-ти август, сепак ширењето на коронавирусот може да ја смени таа одлука.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG