Линкови за пристапност

Економија: Кина ја надмина Јапонија


Бројките дојдоа од владата во Јапонија, која обелодени дека нејзиниот растеж е побавен од очекуваниот втор квартал годинава.

Со најновите показатели Кина и` го презеде приматот на Јапонија како втора економија во светот. Аналитичарите го опишаа најновиот момент како пресвртница во метеорскиот скок на Кина како светска сила.

Бројките дојдоа од владата во Јапонија, која обелодени дека нејзиниот растеж е побавен од очекуваниот втор квартал годинава.

Бруто домашниот производ на Токио за април, мај и јуни стои на 1, 288 трилиони доалри, споредено со оној на Пекинг за истиот период – 1, 337 трилиони долари.

Со економски растеж од 10 проценти изминатите години,

Кина рапидно се искачи на врвот на светските економии, и ги надмина Франција, Британија и Германија пред да ја „претрка“, сега третопласирана Јапонија.

Сепак, експертите велат дека ќе бидат потребни 20 години пред Кина да ги стаса САД, кои остануваат скоро три пати поголеми со годишен домашен бруто национален производ од 14 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG