Линкови за пристапност

Бугајски: Македонија без визија може да западне во хаос


Бугајски: Македонија без визија може да западне во хаос
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Вашингтонскиот аналитичар од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања коментира дека стравувањата од Платформата на албанските партии се претерани

Важно е Парламентот да се свика, но побитно е составување влада, коментира за Гласот на Америка Јануш Бугајски, аналитичар од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

„Легитимна влада, признаена од претседателот, согласно Уставот и резултатот од изборите. Сега, Македонија е во ќорсокак и може една криза води во друга и лесно ситуацијата да излезе од контрола“, коментира тој.

За излезот од тешката политичка криза во која се наоѓа Македонија, но и за импликациите, Бугајски вели: „Се` додека Македонија нема влада, ќе трае и политичката криза. Етничките тензии, само ќе се јавуваат на хоризонтот, како последица. Тоа е опасно“.

Претседателот Иванов останува на ставот да не го даде мандатот на лидерот на опозицијата Заев, се` додека не ја отфрли Платформата на албанските партии, која според него, може да ја растури државата. Легитимни стравувања, или обид за стекнување политички поени, на картата на популизам?

„Мислам дека е такво стравување е претерано. Ако ја погледнете платформата која го надминува Охридскиот договор, мислам дека голем број Албанци сметаат дека претходната коалиционата влада не одговорила на нивните барања, не се работи само во однос на правата на јазикот, туку и за економијата. Но, тоа може да се каже и за Социјалдемократите и затоа оваа партија со половина од населението се против учинокот на претходната коалициона влада. Тоа да се постави како етничко прашање, е мошне опасно. Многу Албанци гласаа за македонската опозиција, не за албански партии“, додава аналитичарот Бугајски.

САД може да помогнат со приближување на власта и опозицијата, коментира Бугајски. Треба да се предупредат дека ја загрозуваат иднината на Македонија, обете страни:

„Мислам дека мора да уследи некое поместување, ветување кон членство во НАТО. Премногу долго трае играта со Грција. Македонија мора да има иднина, визија, која ќе може да ја постигне. Без визија, може да западне во хаос“, коментира овој вашингтонски аналитичар и добар познавач на Балканот.

XS
SM
MD
LG