Два силни земјотреси ја погодија Централна Италија, предизвикувајќи големи штети на цркви и на згради, но одбегната е катастрофа каква што имаше пред два месеца, во која загинаа речиси 300 луѓе.
Досега, нема информации за мртви или за сериозно повредени, иако неколку десетици луѓе биле хоспитализирани за претрпен шок и полесни повреди.
\Марко Риналди, градоначалник на Усита, еден од најпогодените градови, вели дека бројот на повредени најверојтано е резултат на времето на потресите.
Многумина излегле од дома, по првиот потрес од 5,5 степени, и за следниот потрес од 6,1 степен, кој се случил два часа подоцна, тие веќе биле евакуирани.