Линкови за пристапност

Либерман: засега неможен договор за мир со Палестинците


Либерман: засега неможен договор за мир со Палестинците
Либерман: засега неможен договор за мир со Палестинците

Авигор Либерман на конференцијата на која учествуваа израелски дипломати рече дека наместо да инсистира на целосен мировен договор

Израелскиот министер за надворешни работи предупреди дека сеопфатен мировен договор со палестинска влада, која ја има поддршката Западот, не е можен под актуелните услови и оти еврејската држава треба да бара спогодба од помал обем.

Авигор Либерман на конференцијата на која учествуваа израелски дипломати рече дека наместо да инсистира на целосен мировен договор, Израел треба да бара долгорочен преоден договор за безбедносни и економски прашања.

Либерман смета дека Палестинците ќе отфрлат секаков договор со Израел, независно колку тој би бил великодушен, и оти се уште постои непремостлив јаз кога се работи за израелските безбедносни прашања. Тој рече дека палестинската самоуправа на Западниот Брег, со која Израел треба да преговара, не е легитимна, затоа што ги одложила изборите.

XS
SM
MD
LG