Линкови за пристапност

Нетанјаху не успеа да формира Влада во Израел


Неуспехот на Нетанјаху го враќа процесот назад кај Ривлин, кој се очекува следните денови да му даде шанса на еден од опонентите на Нетанјаху да формира Влада

Израелскиот претседател Рувен Ривлин изјави дека ќе ги контактира партиите во Кнесетот за процесот за формирање влада по истекувањето на периодот од 28 дена во кои премиерот Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира владејачка коалиција.

Неуспехот на Нетанјаху го враќа процесот назад кај Ривлин, кој се очекува следните денови да му даде шанса на еден од опонентите на Нетанјаху да формира Влада.

Меѓу најверојатни кандидати е Јаир Лапид, чија центристичка влада заврши втора, зад десничарската Ликуд на Нетанјаху на изборите во март.

Ривлин исто така најави дека има опција да побара од Парламентот да избере еден од пратениците да биде премиер.

Изборите за 120-члениот Кнесет се одржаа на 23-март, што беа четврти избори во земјата во помалку од две години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG