Линкови за пристапност

Израел и Палестинците започнаа преговори за „клучни“ прашања


Израел и Палестинците започнаа преговори за „клучни“ прашања
Израел и Палестинците започнаа преговори за „клучни“ прашања

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел изјави дека Нетанјаху и Абаз имале „сериозна дискусија за клучни прашања“

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абаз завршија со првата од серијата директни средби што се одржа во Егупет. Тие повторно ќе се сретнат во среда во Ерусалим.

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел изјави дека Нетанјаху и Абаз имале „сериозна дискусија за клучни прашања“ на средбата со американската државна секретарка Хилари Клинтон. Мичел кажа и дека разговорите главно се движат во вистинската насока, но не даде индикации дека е направен напредок по главното прашање за еврејските населби. Тој кажа дека американскиот став за тоа останува ист, односно дека Израел треба да го продолжи 10-месечниот делумен прекин на изградбата што истекува на 26-ти септември.

Нетанјаху претходно има кажано дека неговата влада нема да го продолжи мораториумот, а палестинските преговарачи се заканија дека во таков случај би ги прекинале мировните разговори.

XS
SM
MD
LG