Линкови за пристапност

Здравствените власти и дел од верските заедници со различен став за Бајрам


ИВЗ контра здравствените власти за полицискиот час
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

ИВЗ контра здравствените власти за полицискиот час

ИВЗ денеска објави дека ја откажува централната манифестација по повод Бајрам, но исто така и повика дел од верските обреди да се извршуваат дома

Сериозни разлики меѓу здравствените власти и дел од верските заедници – ИВЗ, се спротивстави на предлогот на Комисијата за заразни болести за продолжен полициски час во текот на престојниот викенд кога е и празникот Фитр бајрам. Во писмо до владата, која треба да реши за предлогот за карантин од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот, ИВЗ предупредува – „Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори“.

ИВЗ денеска објави дека ја откажува централната манифестација по повод Бајрам, но исто така и повика дел од верските обреди да се извршуваат дома, а дел во џамиите и нивните дворови со избегнување физички контакти и носење маски. Овој повик е во целосна спротивност со позицијата на Комисијата за заразни болести.

Дел од лидерите на албанските партии побараа земјава да го следи примерот на Турција која за празникот најави 4-дневен полициски час.

„Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји, мора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај ќе ја земам Турција како пример.“
Мендух Тачи, ДПА


„Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји, мора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај ќе ја земам Турција како пример.“, изјави Мендух Тачи, лидер на ДПА.

Опозицијата се противи на продолжен полициски час.

„ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд. Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот - не е“ – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега на потег е владата која треба да реши дали ќе ги прифати или не препораките на здравствените експерти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG