Од 150 македонски граѓани, 80 од нив, веќе се вратиле назад во државата.
Северозападниот дел на државата, првенствено, градовите Скопје со општините, Чаир, Сарај и Гази Баба и градовите Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, се таргетирани како локации, од каде произлегуваат лицата кои заминуваат во странски војски.
Контрола и комплетно профилирање на сите лица кои на подолг временски период ја напуштаат државата. Ова треба да се прави за да се има увид која е нивната крајна дестинација, со цел оневозможување на нивно приклучување во редовите на странски војски, предлага професорот Злате Димовски. Како пример ја посочува неодамнешната акција „Ќелија“,кога беше уапсена трочлена група.
Наместо нивна ресоцијализација, по враќањето од Сирија, каде се бореле на страната на ИСИС, и по издржувањето казна затвор во земјава, тие планирале напади на витални државни објекти.
Штом се веќе етаблирале некакви си ќелии кои што постојат, претпоставувам дека ова не е единствената ќелијаЗлате Димовски, професор
„Штом се веќе етаблирале некакви си ќелии кои што постојат, претпоставувам дека ова не е единствената ќелија и дека има уште“, вели Злате Димовски, професор по безбедност.
Димовски вели дека она што е важно е да се откријат сите оние, кои биле нивна подршка, но ѝ да се утврди од каде тие набавувале средства за опстанок на ќелијата и за извршување на планираните акти.
„Дури прв пат во Македонија видовме и два елеци кои беа прикажани. Тоа зборува за сериозноста, кој го има овој појавен процес“, коментира Злате Димовски.
Таргетирани се неколку локации од каде доаѓаат ваквите лица, кои се радикализираат и кои потоа заминуваат во странските паравоени формации. Од 150 македонски граѓани кои заминале на боиштата во Ирак и Сирија, 80 од нив веќе се вратиле назад.
„Се работи за подрачја кои го опфаќаат Северозападниот дел од нашата држава, првенствено градовите Скопје со општините, Чаир, Сарај и Гази Баба и градовите Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Дел од нив се наоѓаат на издржување на затворската казна, дел од нив ја отслужиле затворската казна, а дел од нив не се процесуирани заради недоволен број на докази или заради измените во кривичниот законик, кои беа после нивното заминување“, вели Борче Петревски, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
Триесет и седум лица се загинати, околу триесеттина се уште се наоѓаат во логорите и камповите во Турција, Сирија и Ирак, а дванаесет се на издржување на затворска казна.
Сепак, сите се согласни дека е неопходен силен процес на ресоцијализација по нивното враќање дома.
По отслужувањето на казната која постои како таква и кога системот проценил дека тие можат да излезат од затвор, тогаш треба да се воспостави засилена оперативна контрола над тие лицаЗлате Димовски, професор
„По отслужувањето на казната која постои како таква и кога системот проценил дека тие можат да излезат од затвор, тогаш треба да се воспостави засилена оперативна контрола над тие лица и да се следи понатамошниот нивни развој, каде тие би се движеле, како ќе се однесуваат“, вели Злате Димовски, професор по безбедност.
Од невладината организација Хоризонт, кои работат на ова прашање, велат дека е потребна силна волја, посветеност, и трпение, бидејки секој случај е специфичен.
Имате повратник кој е во затвор, во Северна Македонија, а сопругата со сириско потекло и со 4 годишно дете, останати во камповите во воените жаришта, за кои што поширокото семејство на повратникот бара од јавните институции начин за нивно донесување овде во земјатаСамет Шабани, Хоризонт
„Имате повратник кој е во затвор, во Северна Македонија, а сопругата со сириско потекло и со 4 годишно дете, останати во камповите во воените жаришта, за кои што поширокото семејство на повратникот бара од јавните институции начин за нивно донесување овде во земјата. Во овој случај сопругата и детето треба да поминат низ фаза на рехабилитација, психолошка консултација, но ѝ да им се овозможи курсеви за мајчин јазик во Северна Македонијa“, наведува Самет Шабани, од невладина организација Хоризонт.
Но, со националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација се предвидува индивидуален третман на сите повратници и нивните семејства.
Процесот на ресоцијализација и реинтеграција ќе биде на доброволна основаБорче Петревски, национален координатор
„Секоја индивидуа ќе ја третираме на посебен начин, согласно проценката од ризиците која ја носи со себе и она што значи нејзини потреби и барања. Процесот во кој сега сме во тек, е зајакнување на капацитетите на институциите на централно и локално ниво, подигнување на свеста на заедницата за прифаќање на оваа категорија на повратници во рамките на локалните самоуправи“, коментира Борче Петревски, национален кооридинатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Процесот на ресоцијализација и реинтеграција ќе биде на доброволна основа, додава Петревски.
Според него, резултатите би биле видливи многу повеќе наредните години.
Facebook Forum