Најнова анкета на Центарот за истражување при Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажа опаѓање на довербата дека Северна Македонија ќе стане членка на Европската иднина во блиска иднина, и оти има растечка неизвесност за економската состојба во која се наоѓа земјата. Анкетата доаѓа на еден месец спроти одржувањето на парламентарните избори во Северна Македонија по неуспехот на земјата да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во 2019-та.
Иако 80 отсто од граѓаните поддржуваат Северна Македонија да стане членка на ЕУ, само 28 отсто веруваат дека земјата ќе стане дел од Унијата во следните пет години – седумпроцентен пад меѓу испитаниците споредено со последната анкета на ИРИ во јуни 2018-та.Анкета на ИРИ за генералната слика во Северна Македонија
„Недобивањето датум за почеток на преговори ја поткопа надежта во јавноста за идно членство“, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Граѓаните сега се фокусирани на економските проблеми, како најважни прашања со кои се соочува Северна Македонија денес“, изјави Мекарти.
Иако 80 отсто од граѓаните поддржуваат Северна Македонија да стане членка на ЕУ, само 28 отсто веруваат дека земјата ќе стане дел од Унијата во следните пет години – седумпроцентен пад меѓу испитаниците споредено со последната анкета на ИРИ во јуни 2018-та.
Бројката на анкетирани коишто сметаат дека интеграцијата на ЕУ ќе трае повеќе од 10 години се зголеми за седум проценти.
Со оглед на одложувањето на интеграцијата во ЕУ, јавноста го врти вниманието кон економијата, се вели во анкетата на ИРИ. 52 % од испитаниците сметаат дека прашања поврзани со економијата како ( невработеноста, сиромаштијата, ниските пензии ) се најголеми предизвици за Северна Македонија. Но, граѓаните сметаат дека политичарите не ги споделуваат истите приоритети – 59% сметаат со политичарите треба повеќе да дејствуваат за економската состојба.
Ваквата неизвесност за економската иднина придонесува за генералното чувство на песимизам кога станува збор за патеката по која се движи земјата. 77% од испитаниците сметаат дека денешната генерација на млади немаат добра иднина во Северна Македонија, додека 50% од анкетирани подвлекле дека најмалку еден член од семејството емигрирало во последните години. „Неуспехот на неколку последователни влади да се справат со овој предизвик, придонесе за негативна економска слика во јавноста и зголемување на емиграцијата“, наведува Мекарти.
Според анкетата на Меѓународниот републикански институт, Северна Македонија на 12-ти април треба да одржи парламентарни избори, на кои три четвртини од граѓаните одговориле потврдно или дека најверојатно ќе гласаат. Додека мнозинството од популацијата на Северна Македонија смета дека ниту една политичка партија нема капацитет за изготви програма за растеж на економијата, СДСМ со 18% и ВМРО-ДПМНЕ со 17% предничат меѓу партиите.
Анкетата на ИРИ предочува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат во „мртва трка“, споредено со другите партии спроти изборите. Запрашани за која партија би гласале ако изборите се следната недела, 17 проценти од гласачите посочиле СДСМ, а 16 отсто ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата за ИРИ ја спровела истражувачката агенција Брима во периодот меѓу 30 јануари и 10 февруари. Биле анкетирани 1222 лица над 18 годишна возраст. Анкетата била извршена и со поддршка од Националниот Центар за демократија.
Facebook Forum