Линкови за пристапност

Најмалку 63 загинати во експлозии во Ирак


Најмалку 63 загинати во експлозии во Ирак
Најмалку 63 загинати во експлозии во Ирак

Продолжува политичката криза.

Најмалку 63 лица загинааа а преку 180 се повредени во десетина експлозии во Багдад, соопштија ирачките власти. Ова е најголемо насилство во земјата последниве месеци.

Навидум координираните експлозии одекнаа ширум ирачкиот главен град, главно во области населени од шиити-муслимани, на само неколку дека по повлекувањето на американските сили од Ирак.

Нападите се случија додека трае политичка криза во земјата. Владата под раководство на шиити се обидува да го уапси потпретседателот Тарик ал-Хашеми, под обвинение дека заговарал убиства на владини лица.

Хашеми, кој е суни-муслиман, вчера наведе дека обвиненијата се политички мотивирани и дека зад нив стои премиерот Нури ал-Малики, за кого Хашеми тврди дека сака да ја консолидира власта по заминувањето на американските сили.

Хашеми за Гласот на Америка изјави дека Малики ги контролира безбедносните и разузнавачки сили и не дозволува други избрани претставници да имаат збор во тоа. Хашеми пребега во полуавтономниот курдски регион во северниот дел на Ирак откако властите издадоа налог за негово апсење.

Хашеми вели дека САД не успеале да создадат и остават демократски модел во Ирак и дека земјата е ранлива на мешање од Иран.

Малики на вчерашна прес-конференција во Багдад побара курдските власти да го предадат Хашеми.

XS
SM
MD
LG