Два вооружени дронови биле соборени како што се приближувале кон ирачката воена база во која се сместени американски војници во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, објавија ирачки безбедносни официјални лица. Во нападот нема повредени или жртви.
Нападот доаѓа во време кога Иран и сојузниците во Ирак ја прославуваат втората годишнина од убиството на вишиот ирански генерал Ќасим Солејмани.
Солејмани беше убиен во напад со беспилотно летало во близина на аеродромот на Багдад, по наредба на тогашниот претседател на САД Доналд Трамп.
Facebook Forum