Најмалку девет лица загинаа, а педесетина се повредени во два бомбашки напади врз владини згради во западниот град Рамади, соопштија ирачките власти.
Напаѓач-самоубиец активирал минибус-бомба на раскрсница во близина на канцелариите на локалната власт во Анбар. Друг напаѓач, облечен во полициска униформа, се разнел неколку минути подоцна во групата луѓе која се обидувала да им помогне на повредените во првиот напад.
Меѓу загинатите има жени и деца. Употребата на втор бомбашки напад за да се убијат минувачи и спасувачи е заштитен знак на Ал-Каида во Ирак.