Линкови за пристапност

САД двојно го зголемуваат бројот на безбедносни договорни соработници во Ирак


Официјални лица велат дека САД планираат да најмат околу 7000 безбедносните слободни соработници

САД планираат двојно да го зголемат бројот на приватни хонорарни соработници кои ќе се грижат за безбедноста во Ирак во време кога течат подготовките за ставање крај на американските борбени операции во земјата на крајот од месецот.

Официјални лица велат дека САД планираат да најмат околу 7000 безбедносните слободни соработници. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроли рече дека тие треба да помогнат во справување со безбедносните предизвици, како заштита на американските дипломати и експерти за развој.

На вчерашниот брифинг во Стејт департментот, Кроли рече дека САД планираат привремено да го зајакнат бројот на приватни хонорарни соработници, но ќе го намалат кога ќе се подобрат безбедносните услови на теренот во Ирак.

Официјални лица го претставија планот, во време кога последната борбена бригада го напушти Ирак и замина за Кувајт.

Помали борбени единици останаа во земјата. Меѓу нив се и околу 6000 војници кои треба да заминат од Ирак до крајот на месецот.

Околу 50.000 американски војници остануваат во Ирак до крајот на 2011-та како транзициска сила.

Со повлекувањето на борбените сили ќе биде ставен крај на операцијата „Слобода за Ирак“ и ќе почне „Нова Зора“.

XS
SM
MD
LG