Линкови за пристапност

САД и Русија со спротивставени ставови за ревизија на нуклеарниот договор со Иран


Brussels Conference on Iran
Brussels Conference on Iran

Претседателот Трамп во петокот изјави дека за последен пат се откажува од повторното воведување на санкциите што САД се согласи да ги укинат во 2015-та година

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не ги поддржува повиците на американскиот претседател Трамп за преиспитување на меѓународниот договор за ограничување на нуклеарната програма на Иран.

Трамп во петокот изјави дека за последен пат се откажува од повторното воведување на санкциите што САД се согласи да ги укинат во 2015-та година, и дека Конгресот и европските партнери имаат 120 дена да излезат со предлози за поправка на она што тој го нарече „катастрофални недостатоци“ во договорот.

Лавров изјави дека доколку Трамп ја спроведе својата закана да се повлече од договорот ако не се направат никакви промени, ќе има незамисливи последици и со сигурност Иран ќе се смета дека повеќе не е обврзан со барањата од договорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG