Линкови за пристапност

Иран собори американско беспилотно летало


Командантот на американската Централна команда Бил Урбан потврди дека ирански проектил од типот земја-воздух соборил беспилотно летало на американската морнарица над теснецот Хормуз.

Иран собори американско беспилотно летало во инцидент за кој ирански официјални лица објавија дека се случил во нивниот воздушен простор, а САД тврдат дека се случил во меѓународен простор.

Командантот на американската Централна команда Бил Урбан потврди дека ирански проектил од типот земја-воздух соборил беспилотно летало на американската морнарица над теснецот Хормуз.

Го окарактеризира како „неиспровоциран напад врз американско разузнавачко средство“ и потенцираше дека дронот се користел за мисии за разузнавање во пограничните региони.

Американската армија соопшти дека Иран се обидел да собори нивно беспилотно летало уште минатата недела, што поттикна подгревање на напнатоста меѓу двете држави и ги зголеми нападите против нафтени танкери во регионот.

САД го обвинуваат Иран дека стои зад нападите, Техеран негира.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG