Линкови за пристапност

Москва и Техеран се против новите санкции спрема Иран


Москва и Техеран се против новите санкции спрема Иран
Москва и Техеран се против новите санкции спрема Иран

САД се приклучија на Канада и Британија, но Иран вели дека казните ќе бидат неефикасни.

Иран и неговиот сојузник Русија ги осудија најновите санкции на Западот врз петрохемискиот, финансиски и енергетски сектор на Иран, нарекувајќи ги илегални и бескорисни.

САД, Канада и Британија поединечно најавија нови чекори за зголемување на економскиот притисок врз Иран, како одговор на меѓународната загриженост дека Техеран развива нуклеарно оружје.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Меманпараст изјави дека унилатералните мерки на овие три земји се само дополнение на постоечката „пропаганда и психолошката војна.“ Тој воедно предвидува дека тие ќе бидат неефикасни, велејќи дека иранските трговски и економски врски со САД и Британија се и онака на ниско ниво.

Одвоено, руското Министерство за надворешни работи санкциите ги нарече „неприфатливи и спротивни на меѓународното право.“ Москва, заедно со Пекинг блокираа натамошни санкции против Техеран во Советот за безбедност на ОН. Светската организација досега веќе усвои четири рунди санкции против Иран.

Вашингтон соопшти дека воведува санкции врз добра и услуги користени од страна на иранската нафтена и индустријата за гас, со цел да ги обесхрабри странските компании да инвестираат во тој сектор.

XS
SM
MD
LG