Линкови за пристапност

Иран негодува по новите санкции; САД и натаму сакаат комуникација со Техеран


Претседателот Трамп воведе синоќа нови санкции врз Ајатолахот Али Каменеи и неговите соработници

Иран со жестока реакција откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп воведе нов сет санкции врз врховниот лидер на Исламската република и виши официјални лица.

За Иранската државна телевизија, портпаролот на министерството за надворешни работи објави дека мерките на претседателот Трамп значат „постојано затворање“ на дипломатските канали меѓу Техеран и Вашингтон.

Но, советникот за национална безбедност Џон Болтон рече дека средбите во Израел се очекува да бидат фокусирани на Иран и на Сирија, и оти САД и натаму сакаат да имаат отворена комуникација со Техеран.

„Претседателот ја остави вратата за реални преговори за комплетирање и елиминирање на иранската нуклеарна програм, балистичкиот систем, поддршка на меѓународниот тероризам. За сите прашања, Иран треба само да седне на маса“, изјави Болтон.

Претседателот Трамп воведе синоќа нови санкции врз Ајатолахот Али Каменеи и неговите соработници.

Вашингтон ги оцени мерките како обесхрабрување на Техеран да развива програма за нуклеарно оружје и поддршка на милитантните групи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG