Студентите во Иран протестираат против Исламските лидери петти ден по ред.
Фотографиите до кои стаса Гласот на Америка покажуваат како најмалку 100-тина студенти организираат мирољубиви протести со седење во ресторанот во кампусот на Универзитетот по технологија Исфахан во централниот град Исфахан. Протестите се молчаливи, многумина од нив носат бели маски со црн знак над устите, како симболика дека се замолчени.
Демонстрантите го изразија гневот кон иранската влада откако во саботата признаа дека иранските сили немарно го собориле украинскиот патнички авион.
Неколку студенти носеа знаци „1500 + 176“ што се однесуваат на бројката на луѓе, што американската влада го обвинува Иран дека досега убил на национални протести од минатиот ноември.
При уривањето на патничкиот авион загинаа 82 Иранци и 57 Канаѓани, повеќето од нив студенти со двојно иранско државјанство кои летаа за Киев од Канада за да продолжат со универзитетските студии по зимските одмори.
Facebook Forum