Линкови за пристапност

Трамп ги поддржува демонстрантите во Иран, со критика на „бруталниот и корумпиран“ режим


Во најновите немири кои започнаа минатиот четврток, загинале уште најмалку девет лица

Американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер утринава кажа дека „луѓето во Иран конечно реагираат против бруталниот и корумпиран режим на Техеран“.

Тој истакна дека „сите пари“ - алудирајќи на неговиот претходник Барак Обама - „што неразумно биле дадени“ како дел од Нуклеарниот договор со Иран од 2015-та година, „завршиле во тероризам и нивните џебови“. „Луѓето имаат малку храна, голема инфлација и се без човекови права. САД следат што се случува“, напиша Трамп на Твитер.

Како одговор, иранското Министерство за надворешни работи, кажа дека „наместо да го губи времето на безвредни и навредливи твитер-пораки за други земји, за американскиот лидер ќе биде подобро ако се занимава со домашните прашања во неговата земја, како дневните жртви на десетици лица и постоењето на милиони безбедномници и гладни“.

Претходно, иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Каменеи, ги обвини „непријателите на Иран“, за серијата насилни антивладини протести коишто почнаа кон крајот на минатата недела.

„Непријателите на Иран користат различни средства, вклучувајќи пари, оружје, политички и разузнавачки интриги, за да креираат проблем во оваа исламска држава“, се вели во соопштението на Каменеи објавено на државната телевизија. Тој додаде дека ќе се обрати до нацијата за последните случувања кога „ќе биде дојде време“.

Иранската државна телевизија објави дека изминатата ноќ загинале уште девет лица во протестите. Билансот на жртви се искачи на повеќе од 20, од почетокот на жестоките демонстрации против економските услови во земјата, наваму.

Иранскиот претседател Хасан Рухани се закани дека безбедносните сили ќе одговорат на „налетот на демонстранти и оние кои го кршат редот и поредокот“.

Стотици демонстранти се уапсени од почетокот на протестите во четвртокот во градот Машхад, пред да се прошират во други делови ширум земјата.

Турското Министерство за надворешни работи, денеска изјави дека се надева оти ќе се избегнат странски интервенции и дека е загрижено за веста за жртви за време на протиестите во Иран. Во соопштението се додава дека насилството и „провокациите“ треба да се избегнат.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, протестите ги нарече „храбри и „херојски“, посакувајќи им „успех во праведното барање за слобода“.

Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон, кажа дека неговата влада жали за „загубата на животи во демонстрациите“ и ги повика инволвираните страни да се воздржат од насилство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG