Линкови за пристапност

Иран произведува збогатен ураниум над ограничувањата во нуклеарната спогодба


Иран ги укина ограничувањата за збогатување на ураниумот, како одговор на повторно воведените санкции на САД откако претседателот Трамп унилатерално се повлече од договорот во 2018-та

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран сега ослободува повеќе ураниум отколку што земјата се договорила согласно нуклеарната спогодба од 2015-та. Техеран постепено се повлекува од обврските согласно договорот.

„Притисокот е зголемен во Иран, и ќе продолжиме со напредокот“, рече Рохани во телевизиско обраќање. Земјата ги отстрани сите ограничувања за производство на збогатен ураниум, што може да се користи за производство на гориво за нуклеарно оружје.

Иран ги укина ограничувањата за збогатување на ураниумот, како одговор на повторно воведените санкции на САД откако претседателот Трамп унилатерално се повлече од договорот во 2018-та.

Трамп бара од Техеран да преговара за нова Спогодба со која ќе се ограничи нуклеарната програма и ќе запре програмата за балистички проектили.

Петте останати членки на Спогодбата – Британија, Франција, Германија, плус Кина и Русија се заложија за одржување во сила на Договорот од 2015-та.

Администрацијата на претседателот Трамп се закани дека ќе воведе 25 процентни тарифи за увоз на европски автомобили ако Британија, Франција и Германија и формално не го обвинат Иран за прекршување на нуклеарната Спогодба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG