Линкови за пристапност

Иран се закани дека ќе ја рестартира нуклеарната програма, ако не се почитува спогодбата од 2015-та


Iran
Iran

Меѓународната спогодба обврзува на укинувањето на санкциите за Техеран, ако се согласи за стопирање на нуклеарната програма.

Иран се закани дека повторно ќе ја рестартира програмата за нуклеарен развој и ќе ја врати на нивото пред 2015-та, ако ЕУ и САД, потписници на меѓународната спогодба, не помогнат за заживување на колабираната домашна економија.

„Ако Европејците и Американците не сакаат да ги почитуваат обврските, истото ќе го сториме и ние. Ќе се вратиме со нуклеарното производство на стадиум пред четири години“, изјави портпаролот Бероуз Камалванди.

Меѓународната спогодба обврзува на укинувањето на санкциите за Техеран, ако се согласи за стопирање на нуклеарната програма. Но, во мај 2018-ма, претседателот Трамп се повлече од меѓународниот договор, и воведе жестоки нов сет жестоки санкции против Исламската држава што се одразија врз домашната економија и го „замрзнаа“ извозот од иранска нафта. Техеран се жалеше дека Европа не прави доволно да го ублажи ефектот од американските санкции.

Иранското министерство за надворешни работи објави дека ќе остане доследно на почитувањето на меѓународниот договор, само ако и другите потписници од меѓународната заедница се придржуваат до преземените обврски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG