Линкови за пристапност

Нова рунда во Женева за иранската нуклеарна програма


Посветена на тоа како да се примени спогодбата постигната во ноември минатата година

Дипломатите од Иран, САД и ЕУ отвораат нова рунда преговори за примена на спогодбата за иранската нуклеарна програма. Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Аракчи во Женева ќе се сретне со американската државна потсекретарка за политички прашања Венди Шерман и заменик-шефицата за надворешна политика на ЕУ, Хелга Шмит.

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф пред новата рунда изрази оптимизам, велејќи дека Иран е посветен на остварување на спогодбата постигната со светските сили кон крајот на ноември минатата година. Тој ги поздрави неколкуте досегашни рунди на експертско ниво меѓу Иран и петтте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија. Според Зариф, таа дискусија за деталите како да се ограничи иранската нуклеарна програма, во замена за ограничени санкции, „дала позитивни резултати“.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки синоќа не сакаше да прогнозира кога спогодбата би започнала да се остварува, но кажа дека САД би сакале тоа да се случи наскоро. Таа инфомираше и дека обете страни работат “на неколку преостанати прашања“.
XS
SM
MD
LG