Линкови за пристапност

Греам: сенатските републиканци работат на стратегија за нуклеарниот договор


Последните 15 години, Иранците работат на збогатување на ураниумот, независно од потпишаните спогодби“, истакна Греам.

Влијателниот републикански сенатор од сенатската комисија на вооружените сили, Линзи Греам од Јужна Каролија во интервју за надворешната соработничка Грета ван Сустерен оцени дека однесувањето на Иран бара преговарање на нов нуклеарен договор со властите во Техеран.

„Статус кво е неприфатливо. Претседателот Трамп рече дека ова е лош договор за светот. Ќе ви кажам зошто - Последните 15 години, Иранците работат на збогатување на ураниумот, независно од потпишаните спогодби“, истакна Греам.

Тој се осврна во интервјуто за Гласот на Америка дека Конгресот наскоро ќе разгледува нови услови за иранскиот нуклеарен договор. „Ако инспекторите за проверка на нуклеарниот потенцијал на Иран не добијат пристап до постројките во Иран, повторно ќе воведеме санкции. Ако и по 15 години, се` уште се најголем спонзор на тероризмот, тогаш инспекторите на меѓународната заедница ќе мора да продолжат со активностите“, изјави овој републиканец.

Запрашан дека засега нема докази дека Иран го прекршил нуклеарниот договор, сенаторот Греам за Гласот на Америка изјави:

„Спогодбата требаше да го доближи Иран до меѓународната заедница. Но, напротив, го стори обратното. Со 150 милијарди долари, колку што инкасираа од укинувањето на санкции, ја опремија армијата, и натаму се големи поддржувачи на Башар ал Асад во Сирија. Тие се провокативни спрема нас, кон нашиот сојузник Израел, сега е време да ги запреме во намерите да стасаат до нуклеарно оуржје, пред да биде доцна“, изјави тој.

Републиканскиот сенатор Линзи Греам најави дека ќе се обиде со демократите да стаса до неопходните 60 гласови, за да се разгледа можноста за усвојување нова легислатива.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG