Македонија не треба да избира меѓу Демократите и Републиканците. Било која американска администрација е пријател на Македонија и стратешкото партнерство меѓу двете земји треба да се негува и унапредува - коментираат македонскиот амбасадор во Вашингтон Васко Наумовски и првиот човек на Обединетата Македонска Дијаспора Мето Колоски во анализата во студиото 47 на Гласот на Америка за резултатот од претседателските избори во САД и очекувањата од идниот претседател Доналд Трамп.
Амбасадорот на РМ во САД Васко Наумовски и претседателот на ОМД Мето Колоски коментираат за исходот од изборите во САД