Линкови за пристапност

Само со лидерство, САД може да го оттргнат Балканот од руско влијание


Сенаторот Рон Џонсон за предизвиците на Балканот

Во интервју за српската редакција на Гласот на Америка, републиканскиот сенатор од сојузната држава Висконсин Рон Џонсон, кој е претседавач со Поткомисијата за Европа во Сенатската комисија за надворешни работи, се осврна на најважните предизвици на регионот, од американска перспектива:

„Многу е важно САД и ЕУ да покажат дека е важен овој регион за нив, зашто се наоѓа во период со многу предизвици. Имаме голема шанса да го интегрираме регионот во семејството на западни демократии. Ако не покажеме лидерство, може лесно Балканот да потпадне под руско влијание, изјави Џонсон.

Целта на Русија е да го дестабилизира регионот, да ги попречи државите од Балканот на патот кон евро-атлантско интегрирање, предупреди овој влијателен американски сенатор.

Што треба да сторат САД, како одговор на растечкото руско влијание во регионот?

„Да покажеме заинтересираност. Да презентираме лидерство од САД и од ЕУ. Да им покажеме на тие држави дека сакаме да се приклонат кон Западот, а не кон Истокот. Да не ги игнорираме овие држави, кои се залагаат за слобода, независност, демократија“, коментира Џонсон за Гласот на Америка.

Според него, американското лидерство во Балканот може да се согледа со зголемување на трговската размена, преку програмите за странска помош, во поддршката кон владеењето на правото и борбата за сузбивање на корупцијата.

Најдобар успех од инвестирањето од САД е ако државите успеат да го намалат нивото на корупција, смета овој сенатор, кој неодамна беше во посета на неколку земји на Балканот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG