Линкови за пристапност

Хејли: САД ќе продолжат со притисокот врз Северна Кореја за целосно откажување од нуклеарниот потенцијал


Американската амбасадорка во ОН во специјално интервју за Гласот на Америка, се осврнува на неколку горливи светски предизвици

VOA contributor Greta Van Susteren, left, interviews U.S. Ambassador to the United Nations Nikki Haley in New York, Jan. 17, 2018.
VOA contributor Greta Van Susteren, left, interviews U.S. Ambassador to the United Nations Nikki Haley in New York, Jan. 17, 2018.

Во ексклузивното интервју за Гласот на Америка за надворешната соработничка Грета ван Сустерн, американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, коментира дека САД никогаш не се чувствуваат комфорни со фактот дека режимот во Северна Кореја има амбиција да поседува нуклеарно оружје.

„Со самиот факт дека Северна и Јужна Кореја денес одржуваат средби, не значи дека заканите се надминати. САД и меѓународната заедница ќе продолжат да го држат притисокот врз Северна Кореја за целосно отфрлање на апетитот за нуклеарно оружје. Сите карти се во рацете на Северна Кореја. Ако преземат конкретни чекори за отфрлање на нуклеарниот потенцијал, би биле среќни да соработуваме со нив. Во спротивно, сите можности се отворени, рече Хејли во интервјуто за Гласот на Америка.

За Пакистан

Амбасадорката Хејли потврди дека проблем со Авганистан е што добива помош од терористи во Пакистан.

„Тоа е вистинска закана. И, како последица на тоа, ние ја скративме помошта за Пакистан. Претседателот Трамп имаше отворена Твитер-порака на почетокот од годината, кога со остри зборови најави дека на Пакистан ќе му биде намалена помошта“, изјави Хејли.

Според американската амбасадорка во ОН, секогаш кога Авганистан е во вистинска насока во борбата против тероризмот, Пакистан им овозможува прибежиште и засолниште на одметнати терористи.

„Се обидовме да соработуваме со Пакистан, но тие отфрлаат секаква соработка. Нема да одделуваме милијарди долари помош во вид на армиска опрема која може да заврши во раце на терористи и да ја употребат против нашите војници. Тоа нема да го дозволиме и со кратењето на помошта за пакистанската армија - испративме порака“, изјави Хејли.

За состојбата со муслиманското малцинство

Рохинџа во Мјанмар

Бегалец од Мјанмар во соседен Бангладеш
Бегалец од Мјанмар во соседен Бангладеш

„Бурма е повторно во длабока криза. САД треба да го вратат повторно фокусот на неа“, нагласи Ники Хејли.

За можноста за повторно воведување санкции врз армијата во земјата, Хејли рече дека САД се отворени за сите можности. „Не мислам дека треба да имаме благ став спрема тоа што се случува со влада и со армијата. Треба да се бара одговорност, изјави Хејли.

„Сметам дека треба да обезбедиме безбедно место за бегалците, зашто не мислам дека враќањето во нивните домови ќе оди лесно, со оглед дека се преплашени од целата ситуација по нивното протерување“, изјави амбасадорката на САД во ОН во специјалното интервју со надворешната соработничка, Грета ван Сустерн за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG