Линкови за пристапност

Меѓународниот ден за борба против корупцијата - граѓанскиот сектор бара вистинска акција од надлежните


Меѓународен ден на борба пртив корупцијата - каква е состојбата во Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Меѓународен ден на борба пртив корупцијата - каква е состојбата во Македонија?

Меѓународната заедница повтори дека е тука за да помогне како и што правела во минатото.

Владата уверува дека справувањето со корупцијата е нејзин врвен приоритет, а антикорупционерите и граѓанскиот сектор бараат вистинска акција од надлежните институции. Во таква ситуација Северна Македонија го дочека 9 декември, Меѓународниот ден за борба против корупцијатa.

„Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој и најважно, за животниот стандард на граѓаните во секоја држава. Да ставиме крај на корупцијата!“, напиша Љупчо Николовски, вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата. Неговиот колега - министерот за внатрешни работи, тврди дека владата не калкулира кога станува збор за борбата со корупција.

Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме
Спасовски, министер за внатрешни работи


„Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме, со Кабинет на Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, како главна точка на поврзување на сите антикорупциски институции, со право можеме да кажеме дека – ставајќи ја борбата со корупцијата меѓу врвните приоритети на оваа Влада, покажавме дека тоа не е само начин на добро владеење.“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Северна Македонија.

Така не мислат антикорупционерите – повикуваат на координираност и засилена ангажираност од сите институции зашто, како што објаснуваат, само така може да се дојде до опипливи резултати.

„Борбата со корупцијата ниту е брза, ниту е лесна, справувањето бара една колективна кација и затоа треба да се мотивира секој поединец. Од исходото зависи нашата иднина, каква ќе биде, зависи од нас. Да се охрабриме сите“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Со свој став излегоа од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата кои дебатираа кои се главните предизвици за 2022 година.

Со цел да се овозможи ефикасна борба против организиран криминал и корупција, неопходно е државата да обезбеди доволно финансиски средства како и соодветен број на човечки ресурси за да можат институциите за прогон да делуваат во нивниот полн капацитет.
Петровска, Коалиција - Сите за правично судење


„Со цел да се овозможи ефикасна борба против организиран криминал и корупција, неопходно е државата да обезбеди доволно финансиски средства како и соодветен број на човечки ресурси за да можат институциите за прогон да делуваат во нивниот полн капацитет. Потребно е да се зајакнат капацитетите на јавните обвинителства во државата.“, оцени Натали Петровска од коалиција – Сите за правично судење.

Меѓународната заедница повтори дека е тука за да помогне како и што правела во минатото.

XS
SM
MD
LG