Линкови за пристапност

Бајден потпиша меѓупартиска легислатива за инфраструктурата во висина од еден трилион долари


Конгресни законодавци, државни гувернери и градоначалници, и Демократи и Републиканци присуствуваа на потпишувањето на церемонијата во Белата куќа.

Претседателот Бајден доцна синоќа стави потпис на еден трилион долари пакетот за подобрување на инфраструктурата во САД со која треба да се поправат застарените патишта и мостови, унапреди железницата, и да се прошират проектите за јавниот транспорт и услугите за подостапен интернет.

Конгресни законодавци, државни гувернери и градоначалници, и Демократи и Републиканци присуствуваа на потпишувањето на церемонијата во Белата куќа.

Потписот на Бајден на оваа легислатива е редок момент по политички поделениот Вашингтон и е усвоена со меѓу партиска поддршка. 19 Републиканци им се придружија на сите 50 демократи за да биде усвоена во Сенатот, додека 13 републиканци гласаа во Претставничкиот дом, иако шест демократи беа против.

„Демократите и републиканците се обединија и имате вистински резултат“, рече Бајден при потпишувањето на легислативата. „Америка, повторно се движи напред“, порача првиот човек на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG