Едвард Чен, американски федерален судија нареди прелиминарна забрана со која ја блокира администрацијата на Трамп во намерите да ја укине заштитата од депортација на повеќе од 300.000 имигранти. Заштитата се однесува на лица од Хаити, Судан, Никарагва и Ел Салвадор коишто живеат и работат во САД.
Според регулативите, САД гарантираат статус на привремено заштитени лица за мигранти што доаѓаат од земји во кои тие не се безбедни поради нивната национална припадност, или во земји зафатени од природни катастрофи.
Со повлекување на оваа заштита, лицата опфатени со оваа програма ќе бидат на листата за можна депортација од Соединетите Држави.