Линкови за пристапност

Претседателот Трамп скептичен за гласањето по имиграционото прашање


Трамп резервиран дека ќе се обезбедат неопходниот број гласови за усвојување на двете клучни мерки во Претставничкиот дом

Еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба да се стопира одвојувањето деца од нивните родители на границата со Мексико, секретарката за домашна безбедност Кирстјен Нилсен, рече дека има план за обединување на развоените 2.000 деца.

Овој потег доаѓа во време кога Претставничкиот дом денеска гласа за неколку законски акти кои се однесуваат на одвојувањето деца од нивнте родители, и за неколку други прашања коишто ги подели главните политички партии во САД.

Секретарката Нилсен ги повика законодавците да реагираат:

„Сакам да бидам јасна. Конгресот има одговорност да го поправи имиграциониот систем“, рече таа и додаде дека извршната власт сторила се` што можела.

Исходот од гласањето е неизвесен. Во Твитер порака утринава, претседателот Трамп изрази скептицизам дека која било верзија на имиграционите закони во Претставничкиот дом, може да добие неопходни гласови. Освен критика на сметка на републиканците, ги обвини и демократите за таквата состојба.

„Републиканците мора да ja надминат праксата на демократите за филибастер, или намерно одложување на гласањето“, рече Трамп.

Републиканците имаат мнозинство во двата дома на Конгресот. Партиските лидери, вклучувајќи го и претседателот, како и спикерот Пол Рајан, лобираа меѓу законодавците неделава во надеж дека ќе обезбедат поддршка за нивната легислатива.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG