Линкови за пристапност

Илегалните имигранти во САД повторно под лупа


Илегалните имигранти во САД повторно под лупа
Илегалните имигранти во САД повторно под лупа

Два града со нови иницијативи, но и голема поделеност за постапување по прашањето.

Пристанишниот град Балтимор во Мериленд е еден од градовите каде федералните имиграционите власти спроведуваат нови начини за справување со се` поголемиот број случаи за можна депортација.

Друг град на листата е Денвер во Колорадо.

И во двата града на илегалните имигранти без кривични досиеја, можно е да им биде дозволено да останат во земјата, додека случаите против илегалните имигранти под сомнение дека сториле сериозни кривични дела, можно е да бидат забрзани.

Политичар кој не е задоволен со експериментот што ќе трае до средината на јануари е републиканскиот делегат во Претставничкиот дом на Мериленд, Пет Мекданау.

Тој неодамна дури објави и напис во весник велејќи дека Балтимор се претворил во „град на амнестирани“:

„Креираме магнет и поттик за луѓето кои илегално престојуваат во оваа земја, да се преселат во Балтимор. Ова ќе има големи последици“, вели овој политичар.

Мекданау додава дека последиците вклучуваат обезбедување на двојазични услуги, притисок за отварање на ургентни центри за обезбедување грижа за илегалните имигранти, повисока невработеност меѓу легалното население, како и закана по јавната безбедност.

Про-имиграционите активисти се жалат дека се депортираат премногу илегални имигранти кои не извршиле кримилни дела, само заради идејата на агенцијата да ги подобри статистичките податоци и да добијат повеќе средства.

Мери Џиованџоли е директор на Центарот за имиграциона политика со седиште во Вашингтон. Таа актуелната постапка во двата града ја нарекува мал чекор во вистинска насока.

Евалуацијата доаѓа во време кога законодавците во се` повеќе сојузни држави во САД усвојуваат строги анти-имиграциони закони. Но федералната влада пружа отпор, велајќи дека таа има ексклузивно право да ја регулира имиграцијата.

XS
SM
MD
LG