Линкови за пристапност

Приведените имигранти во САД без право на кауција


Одлуката на Врховниот суд е „здраво-разумска“, рече портпаролот на Одделот за правда

Врховниот суд на САД одлучи дека имигрантите приведени од владата и соочени со депортација, немаат право на рочиште за кауција.

Такви рочишта определуваат дали лицето може да биде пуштено да се брани од слобода додека чека на судење во замена за вложување пари или имот како гаранција. Доколку лицето пропушти да се појави на суд, кауцијата пропаѓа, односно државата го зема вложеното.

Одлуката исто така засега азиланти и постојани легални жители, кои сега може да бидат приведени на неодредено време додека не им дојде редот за сослушување пред имиграционен суд.

Портпаролот на Одделот за правда Девин О`Мали, кажа дека промената е „здраворазумска реформа“ која го намалува бројот на „непотребни сослушувања“ кои го обременуваат имиграциониот судски систем.

Со оваа одлука се поништува одлука на жалбен суд, во која стои дека приведени имигранти имаат право на кауција секои шест месеци додека се приведени. Судијката на Врховниот суд Елена Кеган, се иззема од случајот бидејќи била на позиција во администрацијата на Обама кога за предметот се расправало.

Портпаролот О`Мали кажа дека Одделот за правда работи на намалување на бројот на натрупани предмети за половина до 2020-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG