Линкови за пристапност

„Не може да депортирате 12 милиони“


Што вели легалната имиграција за – илегалната?

Мудасар Кан емигрирал во САД од Пакистан како тинејџер и сега е сопственик на продавница за електроника во Њујорк. Тој вели дека неговото семејство чекало 12 години за легално да имигрира, но сочувствува со оние кои тоа го сториле по илегален пат.

„Мора да се очајни за да направат такво нешто“, коментира Кан. „Јас не сум да им се даде легален статус, но мора да се најде нешто помеѓу, за праведен однос кон оваа група на луѓе“.

Но што е чесно? Критиката вели дека илегалците го прекршуваат законот, ги земаат работните места на Американците и мора да бидат депортирани.

Адвокатот Џеј Ти Малонга, филипински Американец, не се согласува.

„Не може да депортирате 12 милиони, ниту може да затворите 12 милиони. Но, во овој момент нема патека по која би пошле за решавање на прашањето за легален престој“, аргументира Малонга.

Предлог-законот во американскиот Конгрес налага решение за младите илегални имигранти кои завршуваат средно училиште или служат во армија. Републиканците се главно против ваков начин на добивање државјанство. Меѓу нив и претседателскиот претендент Мит Ромни.

„Сакам луѓето овде да доаѓаат легално. Затоа ќе ги обезбедам границите, со доволно патролни агенти и ограда. Ќе интервенирам и во однос на вработување на илегалците“, најавува Ромни.

Владата на претседателот Барак Обама депортираше рекорден број на илегални лица од САД, по околу 400.000 годишно, но Мудасар Кан не очекува ситуацијата многу да се промени.

„Сум видел многу избори. Секогаш, ова е една од главните теми. Никогаш ништо не се менува. Политичарите ова го користат за добивање уште некој глас“, смета Кан.

XS
SM
MD
LG