Линкови за пристапност

Затворени имиграциони судови ширум САД поради КОВИД-19


Засега, 11 од 58 судови, привремено не работат, а суспендирани се или се сведуваат на минимум сослушувањата на приведените

Американските имиграциони судови се или затворени или драстично ги намалија операциите во последната од серијата мерки од администрацијата на претседателот Трамп коишто се одразуваат врз имигрантите во САД за време на кризата со КОВИД-19.


По неколку барања од Синдикатот на имиграционите судии, Одделот за правда нареди затворање на 10 имиграциони судови до 10-ти април, со што во моментов привремено не работат 11 од 58 судови.

На сите други имиграциони судии им е наредено да ги суспендираат активностите, освен распити за лица кои претходно се приведени. Сослушувањата се одложени за лицата кои не се наоѓаат во притвор.


Претходно, Националната асоцијација на имиграциони судии, синдикатот за царинските и имиграциони адвокати, како и американската асоцијација за адвокати за имиграција, одржаа прес-конференција на која потврдија дека минатата недела имало потврдени случаи на заболени од коронавирусот кои присуствувале на сослушувања.

Учесници на сослушувањето во судница потврдиле дека еден судија се чувствувал болен со симптоми на вирусот.

Гласот на Америка не доби одговор на барањето за точната бројка на случаи со КОВИД-19 во имиграциониот судски систем.

Имиграциониот суд во Сиетл, метропола која е најтешко погодена од коронавирусот во САД, е затворен од минатата недела.

Еве ја листата на другите судови кои привремено ги затворија вратите -

https://twitter.com/DOJ_EOIR/status/1240124718298038273

XS
SM
MD
LG