Линкови за пристапност

ММФ: Глобалниот економски растеж – 3,6%


И за САД се предвидува позабавено темпо на растеж

Глобалната економија се очекува да расте со 3, 6 проценти глобална стапка, повеќе од 3,2 отсто, колку што беше лани.

Ваквите прогнози доаѓаат во време кога Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка се домаќини на есенските средби на светските лидери на кои се дискутира за растежот, отворањето работни места, и заложбите за нови економски поттици.

Експертите предвидуваат дека развиени нации, вклучувајќи ги и САД, ќе растат со позабавено темпо отколку земјите во развој.

Во прогнозите, се предвидува пораст на американската економија од 2,2 проценти годинава. Сепак, тие, предупредуваат дека растежот во САД има непредвидлива иднина поради предлозите за намалување на даноците и регулативите за зголемување на трошоците за инфраструктурата, како и политичката поделеност по партиска линија околу усогласување на ставовите за економската слика на нацијата.

Официјални лица од ММФ упатија повик до националните лидери дека сега треба да направат реформи „кога времињата се добри“, од економски аспект. Тие треба да ги интензивираат напорите за да ги направат домашните економии потпорни од поголеми турбуленции во светската економија. Експертите упатија повик за задржување на ниските каматни стапки, се додека инфлациите не почнат да растат, и да работат на јакнење на меѓународната економска соработка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG