Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека пандемијата со коронавирусот предизвикува најтешка економска криза од периодот на Големата депресија и ќе биде потребен масивен одговор за целосна обнова.
Во видео-обраќање пред виртуелните Пролетни средби на ММФ кои што ќе се одржат следната недела во Вашингтон, Кристалина Георгиева рече дека дури и во најдобар случај, ММФ очекува делумно обновување следната година ако вирусот заслаби до крајот на годината и овозможи нормално работење на бизнисите и враќање на економските текови.
Пред пандемијата, Георгиева рече дека ММФ предвидуваше позитивен растеж на бруто домашниот производ во 160 земји, но сега 170 држави имаат негативен тренд.
Facebook Forum