Линкови за пристапност

Две нови награди за „Медена земја“ во Лос Анџелес


Признанија за кинематографија и наградата „Паре Лоренц“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ ја освои наградата за најдобра камера на Фејми Даут и Самир Љума на најпрестижните награди за документаци - ИДА, што се доделија синоќа во Лос Анџелес.


Режисерот Љубомир Стефанов ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА се доделува „за пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.


На најпрестижниот светски настан за овој жарн, Интернационалните документарни награди ИДА, „Медена земја“ имаше имае три номинации: за најдобар филм, за режија и за камера.

Сирискиот „За Сама“ ја освои наградата на ИДА за најдобар филм на церемонијата во Холивуд, но освои и европски оскар за најдобар документарец во Берлин.

„Медена земја“ е номиниран во категоријата најдобар документарен филм за 2019-та за претстојните „Satellite Awards“.

„Сателит“ наградите се доделуваат од страна на Меѓународната академија на новинари (International Press Academy - IPA), во која членови се новинари кои работат за печатени, телевизиски, радио и интeрнет портали во филмската и ТВ индустрија.

Претходно, „Медена земја“ освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени на 10 ноември во Њујорк.

„Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG